Хрватската пејачка Индира Левак, која до лани пееше во групата „Колонија“, во едно скорешно интервју призна дека воопшто не ѝ било лесно да се снајде и да преживее во Загреб. Таа едвај наоѓала пари да си ја плати киријата.
„Мојот пат беше тежок. Со еден голем куфер заминав во Загреб и на некој начин преживував. Моите родители немаа пари. Јас се грижев самата за себе. Си велев, добро е ако имам еден концерт годишно за да можам да платам кирија за станот“, рекла пејачката.
Таа денес е една од најпопуларните и најуспешни хрватски пејачки. Пред една година почна соло-кариера, а ја пееше и химната на Европското првенство во ракомет што се одржа во Хрватска на почетокот на годината.