Исповед на Даниел – По „Џули“ животот ми тргна надолу

Во осумдесеттите години важеше за еден од најталентираните пејачи во поранешна Југославија, но и за еден од најголемите срцекршачи. Со песната „Џули“ ја претставуваше земјата на Евровизија 1983 година и се стекна со огромна слава.

Но, во едно скорешно интервју, некогашната музичка ѕвезда изјави дека по „Џули“ животот му тргнал по надолна патека – два пропаднати брака, ќерка вмешана во скандал со проституција, потрошени пари.

„Некогаш бев ѕвезда, денеска сум социјален случај“, вели тој.

Денес живее во Љубљана со третата сопруга Александра.

Scroll to Top