Исповед на таткото на Беквалац: „Би убил за неа“

Таткото на српската пејачка Наташа Беквалац, Драгољуб Беквалац, јавно проговори за насилството што го преживеала неговата наследничка и во емисијата на РТС јавно ги изнесе сите детали за таа кобна ноќ.

„За тоа што се случи дознав во саботата во 10 часот. Најмладата ќерка ми се јави дека е со Наташа и дека сопругот ја претепал и ѝ нанел видливи повреди по телото. Јас ја зедов сопругата, седнавме во автомобилот и стигнавме во Белград. Кога стигнав, тоа што го видов не би му го посакал никому да му се случи. Можам да кажам дека Наташа е многу силна и цврста личност и порасна во семејство со многу љубов, која ја добиваше од сестрите и од нас. Многу ми падна тешко кога ја видов како изгледа и кога ми опиша што ѝ се случило. Таа во договор со сопругот излегла да се види со соработниците за работата и му испратила СМС-порака дека ќе дојде дома со нејзиниот менаџер. Наташа околу 23 часот пристигнала во станот и видела дека Лука го нема. Потоа истата ноќ околу 3 часот видела дека сѐ уште не е пристигнат. Дознала дека е во друштво со некои девојки, па го побарала, но тој не ѝ се јавил. Кога следниот пат се разбудила со бебето, го забележала како лежи пијан во дневната соба. Го зела неговиот телефон и забележала како се допишувал со три девојки. Ги забележала љубовните пораки по што се обидела да го разбуди и да види што е работата. Тој станал мамурен, почнал да ја навредува и ја нападнал. Таа доживеала физичко малтретирање. Тој ја удрил со тупаница по лицето, ја кубел за косата. Таа два-три пати паднала и на подот. Ја шутирал со ногата по раната каде што и беше извршен царски рез. Побегнала во собата кај бебето, а тој продолжил да спие. Кога станал околу 9 часот утрото, сварил кафе и дошол во собата како ништо да не се случило. Се обидел да ја бакне, но таа ја свртела главата. Тогаш се изнервирал и почнал да се пакува и да се заканува дека ќе си замине. Тоа го правел и порано. Тој станал друг човек по нејзиното пораѓање. Постојано говорел дека по раѓањето на детето, неговото место во животот на Наташа станало помалку важно“, изјавил Драгољуб.

Тој навел и дека Лука имал среќа што помеѓу Нови Сад и Белград има голем број километри и со солзи на очите раскажал дека би убил за Наташа.

„Пред десет години реков дека би убил за Наташа, а вечерва ќе кажам дека би загинал за неа. Лука е еден измамник кој преку заљубените жени ги решавал своите економски проблеми. Се обидел на име на неговата фирма да ги префрли станот на Наташа и сестра ѝ Кристина. Но, му успеа само со автомобилот. Тој, едноставно, е човек што служи за измами и изневерување жени. Тој сигурно не е нормален, штом шутирал жена од 55 килограми. Ги почитувам жените, а децата секогаш ќе ги штитам. Наташа ми рече дека тој по пораѓањето станал друг човек, дека бил гневен што бебето го зазело неговото место. Тоа не можам да го сфатам. На мажот местото му е покрај својата жена, а не во кафеана до 4 наутро“, порачал Беквалац.

Од друга страна, Лазукиќ во една утринска емисија открил дека не е Наташа таа што поднела тужба за развод, туку тој.

Видеото од гостувањето на Лаузиќ во утринската емисија можете да го погледнете на следниот линк:

 

 

 

Scroll to Top