Италијанците ќе му доделат на Синиша Михајловиќ награда за храброст

By

Тренерот на италијанскиот клуб Болоња, Синиша Михајловиќ, ќе добие награда за храброст која ја доделуваат италијанската фондација „Кварто Потере“ и торинскиот магазин „Кронакакви“. Михајловиќ ќе биде запаметен како првиот човек кој добил ваква награда, за борбата со тешката болест.

Михајловиќ на 13 јули објави дека боледува од леукемија. Во меѓувреме мина низ неколку фази на лечење, како и трансплантација на коскена срж. Тренерот пред неколку дена објави дека е на пат целосно да заздрави.

Ќе ви се допадне