Иван Ивановиќ по осум години си заминува од „Прва“

Српскиот водителот и шоумен Иван Ивановиќ по осум години ја напушта телевизијата „Прва“, пишуваат српските медиуми. Популарното шоу на Ивановиќ „Вечер со Иван Ивановиќ“, повеќе нема да се емитува на малите екрани.

„Новиот менаџмент му понуди на Иван продолжување на соработката, но тој не ја прифати нивната понуда. Последното негово интервју ќе се прикаже во петок, а гостин ќе му беше Жарко Лаушевиќ. Актерот и водителот се долгогодишни пријатели ѝ конечно ќе седнат и ќе разговараат пред камерите“, вели близок пријател на Ивановиќ.

„Иван сака да си замине во голем стил. Во моментов е решен да одмори од активностите околу снимањата на телевизија ѝ да продолжи со работа во некоја маркетинг агенција. Но, останува желбата да биде врзан со медиумите“ вели соговорникот.

Ивановиќ за медиумите не сакал да го коментира неговото заминување од тлевизиските екрани, додека менаџментот од „ТВ Прва“ велат дека не сакаат да се занимаваат со шпекулации и дека во петок стандардно ќе си оди вечерното шоу со Иван Ивановиќ со почеток во 22 часот. Иван досега има снимено 272 епизоди.

 

Scroll to Top