Фудбалерот на Барселона и хрватската репрезентација, Иван Ракитиќ, прослави седум години брак со својата сопруга Раквел Маури.
„Седум години со тебе. Со љубов за уште многу годни. Со тебе до крајот на светот. Фала што секогаш беше со мене. Те сакам многу“, напиша Ракитиќ покрај фотографијата со сопругата.
Двојката во последните месеци има многу причини за славење и на приватно и на деловно поле. Во јули прославија три години брак од црковната венчавка.
„Посакувам уште многу години да бидеме заедно. Ти си мојата иднина, најдоброто што ми се има случено во животот“, напиша Иван неодамна на социјалните мрежи, статус кој ѝ го посвети на својата сопруга.
Нивната љубовна приказна почна во 2011 година. Ракитиќ вели дека целата работа се случила како на филм. Како во романтична комедија.
„Седум неверојатни години покрај тебе. За уште многу наши заеднички моменти. Те сакам“, му порачала Раквел (28) на својот сопруг.
Раквел се пофали со фотографија од торта, а под истата таа напиша:
„Ти честитам љубов моја на седумте заеднички години. Те сакам“.
Кога пред седум години Ракитиќ стигнал во Шпанија за да потпише за Севиља, Хрватот бил нервозен и возбуден. Неговиот брат го наговорил да појдат во кафуле за да се напијат и опуштат пред да си легнат.
„Седевме во првото кафуле во центарот на градот. Откако ја видов Раквел, која таму работеше како келнерка, му реков на мојот брат дека таа прекрасна девојка еден ден ќе стане моја жена“, вели Иван.
Иако таа пристојно го одбила повеќе од 30 пати, Ракитиќ не се откажал и набрзо дознал зошто не сака да биде нејзино момче.
„Еден ден Раквел ми објасни зошто не сака да излезе со мене. Ти си фудбалер и веројатно идната година ќе се преселиш во друга држава. Извини, но не“, раскажа Ракитиќ и додал дека почнал да се задржува подолго на тренинзите за да може да ја начека Раквел кога ќе ѝ заврши нејзиното работно време.
По седум месеци, Иван примил порака од Раквел и на крајот заминале на вечера. Прво со нејзината сестра Ирена, а потоа и сами.
„Беше потешко да се освои Раквел отколку Лигата на шампиони“, се пошегува репрезентативецот. Тајно се венчале во април 2013 година, а откако еден шпански фотограф ги снимил, нивната фотографија се нашла на бројни насловни во шпанските и хрватските таблоиди.
Ракитиќ и Раквел ги имаат ќерките Алтхеа (4) и Адар (2). Денес живеат во Барселона, а по Светското фудбалско првенство во Русија, семејството успева да го украде вниманието каде и да се појави.