Ивана сака да го посети гробот на својот свршеник кој сакаше да ја убие

By
Актерката Ивана Панзаловиќ (30), која пред два дена излезе од болница бидејќи на 7 септември беше застрелана од својот свршеник Срѓан Цветановиќ (59), кој потоа се застрела, планира во тајност да го посети гробот на пластичниот хирург.Актерката им се довери на пријателите дека има намера набргу да отиде на централните гробишта каде што Цветановиќ беше погребан во вторникот.„Ивана физички закрепна и нејзината здравствена состојба е во ред. Но, таа психички се чувствува лошо и ќе ѝ биде потребно време. Минува низ тежок период и секојдневно ѝ се враќаат сликите од немилиот настан. Тешко е што Срѓан си го одзема животот, и тоа на таков начин пред неа. Поради тоа, сака да оди на неговиот гроб и таму да му каже дека ќе му прости сè и дека ѝ е жал. Верува дека тоа ќе биде големо олеснување за неа, но дека Срѓан тогаш ќе може да почива во мир“, наведува добро упатен извор.

Актерката е многу потресена поради трагедијата и во моментот нема сила да отиде во станот на улицата Коста Рацин на Дедиње каде што се случила трагедијата.

 

Ќе ви се допадне