Издаден е налог за апсење на Северина

Северина Којиќ наводно не се појавила на неколку закажани судски рочишта во Загреб каде треба да се сретне со поранешниот партнер  Милан Поповиќ поради што бил издаден налог за нејзино апсење, пренесоа хрватските медиуми.

Северина и нејзиниот сопруг Игор Којиќ требало да се појават во Општинскиот граѓански суд во Загреб на судењето со таткото на детето на Северина, Милан Поповиќ, по повод забраната да објавуваат фотографии од малолетниот Александар на социјалните мрежи, но сопружниците го избегнале рочиштето.

Со сопругот Игор Којиќ

Најдобриот пријател и менаџер на пејачката, Томислав Петровиќ, во изјавата пак вели дека не верува дека некој ќе ја апси пејачката. „Тоа се глупости. Не постои налог за приведување, ниту е возможно такво нешто во Хрватска при парнична постапка.“ Медиумите пак, велат дека Томислав ја крие вистината, и дека налогот бил веќе издаден.

И покрај забраната пејачката повторно објавува фотографии од синот Александар

Милан Поповиќ вчера му доставил на судот нови фотографии од неговиот син Александар, кои Северина изминативе неколку дена ги објавила на својот инстаграм-профил.

Scroll to Top