Ја држев во раце, беше сина околу главата, задушена, раскажа Вучиќ за неговото мртво дете

Српскиот предсетател Александар Вучиќ на телевизијата Хепи за прв пат раскажа детали за свото мртво дете. Водителот на емисијата, Миломир Мариќ, го праша Вучиќ дали е погоден од објавите на медиумите дека ја тепал сопругата и дека неговата сопруга родила мртво дете? Тогаш Вучиќ раскажа детали што точно се случило:

Бременоста беше во ред се до осмиот месец, а потоа потоа рекоа дека детето повеќе не дише. Решиле да ја спасат мајката, а детето било мртво. Тоа дете требаше да биде девојче, нејзиното име требаше да биде Нева. Ја држев мртва во раце. Беше сина околу главата, најверојатно задушена од папочната врвца, рече тој и додаде:

На Тамара, ( неговата втора сопруга) и беше далеку потешко отколку на мене. Но, што ќе правиш, медиумите пишуваа лаги, дека ја тепав жена ми, дека абортирала. Се обидуваат ме криминализираат, тоа навистина не им оди, да ме дехуманизаат, тие се упорни во тоа. Еве ја сега последната теза дека човек што не оди на одмор не е маж, а јас во тоа не можам да поверувам, рече Вучиќ.

Scroll to Top