Јадел се живо и бил голем гурман, додека на маса не му го донеле ова

Јоже Осели бил последниот кој лично го послужувал Јосип Броз Тито, но и личен батлер на Маршалот.

Тој во една прилика кажал дека Тито секогаш бил послужуван со различно месо, прилог и салата, а потоа тој самиот си ја земал чинијата и јадел тоа што во тој момент сакал да јаде.

Кога станувало збор за храна не бил многу пребирлив, освен за една работа.

Еден ден во резиденцијата му биле послужени полжави, на што тој рекол: „О, не, не сакам полжави“.

Она што најмногу сакал да го јаде биле специјалитети од неговото родно Хрватско Загорје.

Scroll to Top