Јадењето месо е нарачување убиство, а еден ручек чини нечиј живот, вели вегетаријанката Карлeуша

Јелена Карлеуша јавно ги повика сите оние кои јадат месо и им порача дека биле нарачатели на убиство и дека рацете им се крвави. Таа е вегетаријанка и својот став што го има за луѓето кои консумираат месо сега го сподели со сите.

„Оние кои велат дека не убиваат животни и дека купуваат веќе убиено мртво мораат да знаат дека во правосудниот систем луѓето тоа го нарекуваат нарачување убиство. Ги прогласуваат за виновни и рацете им се крвави. Престанете да барате изговори, за душите да ви се мирни. Бидете благородни“, рече Карлеуша.

Пејачката често знае да ги изнесе своите ставови за убивањето животни во прехранбената индустрија или во индустријата за облека, обувки и слично. Таа и самата е заштитно лице на организацијата ПЕТА, меѓународната организација која се бори за правата на животните.

Таа позираше и гола за нив со слоганот „Подобро гола отколку во крзно“.

„Спасите животи, затоа што еден ваш ручек не е вреден за ничиј живот. Нека во новата година една од важните животни одлуки биде да станете вегетаријанци и вегани“, рече Карлеуша.

 

Scroll to Top