Јаница Костелиќ роди син

By

Поранешната хрватска скијачка Јаница Костелиќ, утрово роди син во болница во Загреб. Четирикратната олимписка шампионка во октомври објави дека е бремена и дека нејзиниот син ќе се вика Оскар. Таа тогаш во интервју за хрватските медиуми откри дека ќе го поттикнува синот да се занимава професионално со скијање.

Костелиќ за четири дена ќе наполни 37 години, а во април 2007 година соопшти дека дефинитивно се повлекува од скијањето. Во својата кариера таа има освоено четири златни и две сребрени олимписки медали, пет трофеи светска шампионка во скијање, а трипати била вкупна победничка на Светскиот куп.

 

Ќе ви се допадне