Јашар Ахмедовски тврди дека Северина самата ги објавила фотографиите

Кумашинот на Саша Поповиќ, Јашар Ахмедовски, кој ретко се појавува во медиумите, јавно ги обвини Северина и Дара Бубамара дека намерно се фотографираат голи за да привлечат внимание.

Јашар вели дека тој што знае да пее нема потреба од вакви истапи во јавноста.

„Секако дека Северина и Дара Бубамара намерно се фотографираат голи. На тој начин сакаат да привлечат внимание. Мислам дека тој  кој знае да пее и е талентиран  нема потреба за тоа. Но, од друга страна, времињата се такви. Луѓето сакаат да ги гледаат голи. Немам ништо против тоа, ако некој има што да покаже, нека го покаже“, изјавил Ахмедовски.

Ахмедовски за медиумите зборуваше и за пријателството со Саша Поповиќ.

„Нашето пријателство со Саша Поповиќ почна со настапите на Лепа Брена по хотелите. Сале отсекогаш ми бил симпатичен, и како човек и како музичар. Откако направи пауза, ја основа ‘ЗАМ продукцијата’. Јас преминав кај нив. Се дружевме постојано пет-шест години, а откако решив да се венчам со долгогодишната девојка, побарав Сале да ми биде кум. Се разбира затоа што ми е добар пријател, а не поради тоа што е директор на ‘ЗАМ’ или ‘Гранд’“, вели Јашар.

 

 

Scroll to Top