Јелена Ѓоковиќ ужива во дружбата со Стефан и Тара

Сопругата на светскиот тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ, Јелена, на својот инстаграм-профил објави фотографија од прошетката со нејзините две деца, синот Стефан и ќерката Тара.

Јелена неодамна отвори свој блог, во кој на своите фанови им споделува дел од своите животни искуства поврзани со семејството и бизнисот.

Преку социјалните мрежи таа вели дека сака да им долови на обожавателите како успева да ги оствари сите свои обврски без разлика на тоа што има две деца и е оставена самата на себеси поради големиот број обврски и деловни ангажмани на нејзиниот сопруг Ноле.

„Не верувам во мултитаскинг и многу сум лоша во тоа. Но, како мајка на две деца просто немам избор. Сакам што Стефан и Тара ме растргнуваат на сите страни. Така можам само да пораснам“, напишала Јелена под фотографијата.

 

 

Scroll to Top