Јелена крие од ќерките дека почина баба им

Фолк-ѕвездата Јелена Карлеуша од своите ќерки Ника и Атина крие дека нивната баба Дивна почина пред една недела. Веднаш по смртта на нејзината мајка, таа ги испратила девојчињата кај нивна тетка во Зрењанин, која, исто така не им кажува дека нивната баба починала. Јелена веќе една недела не ги видела своите деца, пишуваат српските медиуми.

„Душко мораше да се врати во Кина, а децата се и понатаму одвоени од неа. Јелена е многу е лошо. По цел ден плаче и ја повикува мајка си. Таа не сака ќерките да ја гледаат таква. Иако блиските прават сè за да ѝ помогнат да ја надмине депресијата, таа и понатаму тажи“, рекол близок пријател на пејачката за српски „Курир“.

За потсетување, Дивна Карлеуша почина на 61 година по долгата борба со ракот.

Scroll to Top