Јелена Розга чувала овци пред „Магазин“

Популарната хрватска пејачка Јелена Розга пејачката кариера ја почна на 17-годишна возраст, кога освои награда за најдобра интерпретација на сплитскиот фестивал „Звуците на Јадранот“. Тогаш никој не ни претпоставуваше дека ќе стане пејачка на популарната група „Магазин“.

Дваесет и четири години подоцна, таа има успешна соло-кариера и е една од најпознатите хрватски пејачки. Меѓутоа, малкумина знаат дека кога била мала Јелена чувала овци и јарци во селото во близина на Сплит.

„Да, чуваше овци и јарци како дете. Нормално, тоа се селски обичаи. Кај нас е така отсекогаш. Мислам дека нема нешто лошо да се каже за неа, само добро. Јела е вистинска девојка и готово“, за неа велат во родното село.

Scroll to Top