Јована и Жељко Јоксимовиќ живеат во луксузна вила вредна 2,5 милиони евра

Српскиот пар, Јована и Жељко Јоксимовиќ живееле во стан во Врачар, но пред неколку години се преселиле во вила на Сењак.

Куќата ја купиле од своите пријатели Ивана Мишковиќ и Горан Кариќ, а според претходното пишување на „Хелоу“, за овој имот издвоиле 2,5 милиони евра, доколку не се брои реновирањето на куќата.

Во куќата често доаѓа и ќерката на Жељко од првиот брак, Мина Јоксимовиќ. Таа често објавува фотографии на Инстаграм, додека престојува во куќата па може да се види модерна бања со големи огледала.

За потсетување, Жељко и Јована Јоксимовиќ се во брак од 2012 година. Тие го добија синот Коста, како и ќерките близначки Срна и Ана.

Scroll to Top