Јована Јеремиќ на геј свадба кај двајца руски милионери во Црна Гора: Љубовта не познава граници и омраза

Српската водителка Јована Јеремиќ присуствуваше на свадбената веселба на двајца нејзини пријатели од Русија. Јована отпатувала во Црна Гора каде геј парот инаку милионери од Русија, се венчаа на црногорското приморје.

Водителката на својот Инстаграм профил сподели фотографии од венчавката.

„Ние секогаш и во секој момент ја славиме љубовта. Љубовта не познава граници и не познава омраза. Не сака двојни стандарди. Сакам искреност и ми се допаѓа што моите пријатели се расфрлани низ целиот свет. Свадбата на моите двајца пријатели“, напиша Јеремиќ во описот на фотографиите.

Јеремиќ објасни дека дошла во Црна Гора да го прослави овој значаен ден со своите пријатели.

„Дојдоа во Црна Гора да се венчаат, затоа заминав во странство. Летав од Шпанија во Порто Монтенегро на интимна свадба на пријател од Русија. По свадбата се враќам во Белград“, изјави водителката за „Блиц“ и додаде:

„Јас секогаш ја поддржувам вистинската љубов, ја сакам искреноста и правичноста. Не ми се допаѓа лажниот морал. И секогаш ќе ги критикувам мажите кои имаат 40 години и изневеруваат жени. И тогаш тие се првите на телевизија што ја осудуваат ЛГБТ популацијата, а овие луѓе се само искрени за тоа што го чувствуваат“.

Scroll to Top