Јована Јоксимовиќ не ја интересираат Северина и Игор

Сопругата на Жељко Јоксимовиќ, Јована одбила да ги коментира во јавност наводите дека таа е виновникот за наводнот развод меѓу Игор и Северина Којиќ за кој балканските медиуми деновииве пишуваа.

„Не е вистина дека јас сум причината за такво нешто. Навистина не сакам да се занимавам со шпекулаци, ниту пак сакам да ги коментирам. Не ме интересираат ниту Северина ниту Игор“, бил краткиот одговор на Јована на прашањата на новинарите.

Јована одбила ѝ да ги коментира шпекулациите дека Северина ѝ се наљутила откако во една од нејзините емисии го коментирала нејзиното мајчинство.

Првите пишувања за нарушениот однос меѓу Северина и Јована беа кога Северина не се појавила на славата на нејзниот свекор Кеба Којиќ, во неговиот дом, откако ги поканил Жељко Јоксимовиќ и Јована. Северина одбила да дојде и заминала за Загреб.

Северина исто така одбила да се појави на концертот на Кеба, на кој требало да присуствува како специјален гостин. Сепак голем број од медиумите пишуваат дека ваквите потези на пејачката и нејзниот свекор се маркетиншки трик, со кој сакаат да го привлечат вниманието кон себе.

Пишуваат дека ова е идеја на Кеба кој наскоро се очекува да има уште еден концерт, па на овој начин ќе добие повеќе на публицитет. Ваквите тези ги темелат и со фотографии направени со Северина и Игор во прошетка покрај нивниот семеен дом во Загреб.

Засега со коментар се немаат огласено ниту менаџерот на Северина, Томислав Петровиќ, ниту нејзиниот свекор Драган Којиќ Ќеба. Северина деновиве беше во посета на Занзибар од каде објави фотографии во африкански невестински фустан.

 

 

 

Scroll to Top