Како изгледа денес Бранко Коцкица

Бранко Милиќевиќ, кој од 1974 до 1993 година го глумеше со ликот на Бранко Коцкица во емисијата „Коцка, коцка коцкица“, наскоро ќе наполни 73 години. Поранешниот глумец е остарен и со побелена коса, па во едно скорешно интервју за РТС рече дека дури ни возрасните не го препознаваат, а денешните деца и не знаат кој е тој.

Популарната серија „Коцка, коцка коцкица“ има 250 епизоди. Се снимаше скоро дваесет години, а потоа Бранко сними уште неколку епизоди и во 2005 година. Серијата е препознатлива по неговиот извик „тата-та-тира“ и по песната „Во светот постои едно царство“.

Милиќевиќ е роден на 3 април 1946 година во Земун. Живее во Белград со сопругата Слободанка Алексиќ која е театарски режисер. Студирал глума и англиски јазик, ама овој факултет не го завршил. Глумел во дваесетина филмови, но публиката од поранешна Југославија најмногу го препознава по улогата на Бранко Коцкица.

 

 

Scroll to Top