Карлеуша им покажа среден прст на новинарите

Српската фолк-пејачка Јелена Карлеуша им покажа среден прст на новинарите откако излезе од судницата каде се одржало судењето за секс-скандалот со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, пишуваат српските медиуми.

Пејачката и нејзиниот адвокат додека излегувале од Првиот основен суд во Белград ги одминале новинарите без да им одговорат на прашањата. Медиумите пишуваат дека Карлеуша немала ни причина да присуствува на ова рочиште, затоа што таа веќе била сослушана на претходното. Следното е закажано за во ноември.

Карлеуша и Врањеш се судат по судови поради клеветите и лагите кои произлегле од нивната афера и објавените голи фотографии. Како резултат на скандалот, Врањеш се разведе од сопругата Даниела, а мораше да се повлече и од фудбалската репрезентација и клубот Андерлехт, вели негов близок пријател.

 

Scroll to Top