Карлеуша ќе го донира новогодишниот хонорар за болно девојче

Спрската пејачката Јелена Карлеуша целиот хонорар од настапот на Нова година 2020 ќе го донира во добротворни цели, пренесува српски Телеграф.

Тие пишуваат дека оваа година нејзиниот костим и сценографија нема да чинат повеќе од колку нејзиниот настап, бидејќи овој пат парите ќе ги донира.

-Имам големи планови за тој хонорар, станува збор за едно болно девојче. Тоа е некој мој проект кој го имам за да помогнам. Таа е од околината на Ниш, а за сега ќе откријам само дека се вика Софија. Таа боледува од сериозна болест, рече Јелена.

Инаку пејачката според медиумите во Србија за Нова Година оваа година договорила настап во висина од 50 илјади евра.

Scroll to Top