Карлеуша: Колинда е убава и секси

Српската фолк пејачка Јелена Карлеуша за време на гостувањето во емисијата „Вечерно студио“ на програмата на Н1 го коментирала модните стилови на политичарите на Балканот.

Додека за српскиот претседател Александар Вучиќ немаше некои пофални комплименти, на пејачка баш ѝ се допаднал стилот на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, за која вели дека е убава и секси.

Пејачката е позната по контроверзните изјави и сака да дава јавни коментари кога станува збор за политичарите, а овој пат одлучила да го коментира нивниот стил. Особено била воодушевена од појавата на Колинда.

„Има нешто во неа што е необјасниво привлечно. За жените како неа не е важно што ќе облечат“, изјавила Карлеуша.

Пејачката исто така не ѝ се допаѓа и стилот на облекување на претседателот на Република Српска Милорад Додик.

„Тој мене толку ми оди на нерви, што мислам дека и самиот Том Форд да го облече, јас би му нашла замерка“, изјавила Карлеуша.

Јелена и претходно на Твитер објавувала статуси за Колинда и неколку пати јавно ја поддржала, особено летово годинава кога хрватската претседателка настапила во Унгарија.

Scroll to Top