Српската ѕвезда Јелена Карлеуша јавно му се извини на сопругот Душко Тошиќ што две години го изневерувала со фудбалерот Огњен Врањеш. Таа напиша порака на инстаграм во која сопругот го нарекува „господин“, а Врањеш „глушец и олош“.
Извинувањето се случи една недела откако Душко и Огњен беа во вип-ложата на натпреварот Партизан – Црвена Ѕвезда што се играше минатата недела. Не се сретнаа, но Карлеуша го искористи тоа да го пофали сопругот, а да го навреди поранешниот љубовник.
„Му се восхитувам на Душко. Се покажа како голем господин. Така се игнорираат глувци и олош. Од него треба да учат сите. Заслужува почитување и големо извинување за целиот пекол што го помина заради мене во медиумите“, напиша таа.
И покрај ова, српските медиуми пишуваат дека бракот на фудбалерот и пејачката е лага, а дека од секс-аферата тие двајца многу ретко се појавуваат заедно.
„Јелена на сите начини се обидува да ја убеди јавноста дека сè е во најдобар ред со нејзиниот брак, но тоа не е така. Да, тие понекогаш излегуваат заедно, но меѓу нив не постои блискост. Постојано сее заследуваат и отследуваат на социјалните мрежи, а Душко одамна не ставил заедничка слика со Јелена, што е уште еден доказ дека бракот не им е идиличен“, пишува Крајина.ба. pozive.