Карлеуша на мундијалот ќе навива за Душко Тошиќ

Жените на српските фудбалери ќе заминат на мундијалот, кој започнува денеска на 14 јуни во Русија. Меѓу нив е и пејачката Јелена Карлеуша, која го најави своето заминување во Русија по финалето на „Ѕвездите на Гранд“, кое е закажано за 14 јуни.

Карлеуша вели дека ќе навива за својот сопруг Душко Тошиќ, кој со соиграчите отпатува во Русија на 11 јуни. Тошиќ неодамна го напуштил „Бешикташ“ и потпишал договор за кинески клуб.

Првиот меч на популарните „орли“ ќе се игра в недела на 17 јуни против Костарика. Мечот ќе започне во 14 часот во Самари.

Пет дена подоцна Србија ќе се соочи со Швајцарија, меч што ќе почне во 20 часот во Калининград, а на 27 јуни силите ќе ги измери со Бразил во Москва. Мечот со „кариоките“ ќе започне во 20 часот.

 

Scroll to Top