Карлеуша не му оди во Кина на Душко

Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша, замина во Кина за да потпише договор со фудбалскиот клуб „Гванджу“, каде што ќе заработи 5,8 милиони евра за една година. Извор за магазинот „Хелоу“ вели дека Јелена и децата нема да се преселат со него во Кина, оти таа во моментов работи на својот нов албум.

„Јелена не планира да престане да пее. Нема ни да ги откаже своите концерти. Таа планира нов албум, а потоа и голема турнеја“, рекол за магазинот извор близок до Карлеуша.

Тошиќ последните три години играше во турскиот клуб „Бешикташ“. Според српските медиуми и „Бешикташ“ ќе заработи од трансферот. Тие ќе добијат пет милиони евра од кинескиот клуб чиј тренер е Драган Стојковиќ Пикси.

Scroll to Top