Јелена Карлеуша на социјалната мрежа Х објави снимка од судењето со нејзината ривалка Светлана Цеца Ражнатовиќ. Карлеуша тајно го снимила рочиштето со Цеца кое трае со години.
„Гробовите шумолат и чесниот човек нема да молчи, а од другата страна има многу гробови“, вели Јелена.
„Во моментов седи еден гроб спроти мене со очила“, вели Цеца.
„Само што ми рече дека сум гроб со очила. Дали вие тоа го дозволуваш во оваа судницата? – Ајде, ставете го сега тоа во записник и дека адвокатот ви се заканува и нема да поминете добро“, се обрати Јелена кон судијата.
„Дали јас сум гробот со очила? -Тие што се обидоа да не смират не поминаа добро, но тоа не го слушнавте добро ?“, продолжи таа.
„Судија, можно ли е таа да прави врева во вашата судница?“, додаде Цеца.
За српските медиуми пр службата на Цеца не сакала да го коментира видеото што Карлеуша го објавила на социјалната мрежа. Многумина веднаш на интернет прашаа дали на Карлеуша и е дозволено да го снима судењето и дали тоа што го објави сега е казниво, без разлика дали процесот е завршен, односно донесена е пресуда.
Sudijama kriminalci mogu da prete( i da ih zastrašuju očigledno)… ali meni NE. pic.twitter.com/WPcf9utfhz
— Jelena Karleuša (@karlinbich) October 10, 2023