Карлеуша сака Холивуд да снима филм за неа и Душко Тошиќ

Пејачката Јелена Карлеуша на новинарите им изјави дека нема ништо против тоа да се сними филм за неа и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.

Пејачката вели дека доколку Холивуд би снимал филм за нив двајцата, Душко би сакала да го глуми некој млад убав актер кој има зелени очи.

Карлеуша смета дека неа не би можела ниту една актерка во Холивуд да ја одглуми неа и дека во филмот единствена која најдобро би можела да ја окарактеризира нејзината личност е самата таа. Таа вели дека нема доверба во ниту една актерка во Холивуд и дека ниту една не би можела да ја отслика нејзината личност.

Карлеуша изминатиов период беше во посета на Сараево во Босна, каде имаше голем број на настапи. Вели дека таа има натрупан распоред и дека покрај настапите на сцената каде пее, постојано гостува и во емисии со политички карактер, Дневници, а дури потоа пее.

Scroll to Top