Катарина Грујиќ се запали среде снимање

Српската пејачка Катарина Грујиќ се запали додека го снимаше спотот за нејзината последна песна „Не сакам да се мувам“. Таа, откако го промовираше видеото, раскажа како пламен од еден од факелите на сетот ѝ ја зафатил раката, па добила изгореници и морала да оди во болница.

„Додека се снимаше, одненадеш почувствував неверојатна топлина и слушнав некој од екипата како почна да вика: ‘Внимавај, гориш!’ И тогаш видов дека пламенот од факелот зафати дел од мојата гардероба и малку од раката. За среќа, сите брзо реагиравме, а потоа веднаш заминав на лекар. Имам полесни изгореници на кои сега нанесувам мелем, така што се надевам дека нема да остане лузна“, рекла пејачката.

Таа додала и дека со новата песна испраќа јасна летна порака.

„Не сакам да се мувам, сакам само да пијам. За сите оние кои сакаат слобода, забави, сонце, коктели или можеби се плашат од короната, уживајте,“ вели Катарина.

Scroll to Top