Две години по смртта на легендарниот пејач Шабан Шаулиќ, ќе се снима документарен филм со детали од неговиот живот, кои досега не беа познати во јавноста. Снимањето треба да почне следниот месец.
„Кога почина Шабан, имаше многу предлози да се снима филм за неговиот живот, но семејството сметаше дека е рано за тоа, сè беше многу свежо и идејата беше напуштена некаде. Сега Илда предложи да се направи документарец за нејзиниот татко. Колку што разбрав, би имало архивски снимки од турнеите на Шабан, некои семејни фотографии што јавноста досега немала можност да ги види, видео од неговиот последен настап, по кој загина во сообраќајна несреќа“, рекол извор близок до семејството за српските медиуми.
Тој открил и дека во документарецот за Шабан ќе зборуваат и некои неговите колеги со кои тој бил многу близок. Освен тоа, ќе има приказни и од пријателите рибари кои минувале многу време со него во Крчедин, но и пријатели од училишните денови од Шабац.
„Тие треба да раскажат за неговиот живот и каков беше надвор од сцената. Зорица Брунцлик и Кемиш, Снежана Ѓуришиќ, Цеца, Џани, Аца Лукас, Драгана Мирковиќ, сите треба да се појават во документарецот, да раскажат анегдотите за Шабан, но и за тоа како дознале за смртта на кралот на народната музика. И неговите деца, Илда, Санела и Михајло, би зборувале во филмот. Засега не се знае дали ќе се појави и Гоца, бидејќи сè уште ѝ е многу тешко јавно да зборува за нејзиниот сопруг со кого помина 43 години“, додал истиот извор.
„Пред шест години Шабан се согласи да снима биографски филм во кој ќе открие голем дел од својот живот за кој публиката не знаеше многу. Но, бидејќи имаше премногу деловни обврски, снимањето се одложуваше и никогаш не се сними“, вели тој.