Ќе се снима филм за животот на Аца Лукас

Се снима филм за животот на српскиот фолкер Аца Лукас, пишуваат српските медиуми. Неговата животната приказна набргу ќе биде пресликана во филм, а почетокот на снимањето е планирано за крајот на оваа година.

Новинарот и писател Вања Булиќ ќе работи на сценариото и подготовките, а сè уште не е познато кој ќе го игра Лукас. На неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ ѝ е понудена да ја игра главната улога. Таа би требало да се глуми самата себе.

Екипата што работи на филмот има идеја да направи и серија за Лукас.

„Неговиот живот е толку интересен, необичен и бурен, па е многу тешко да се смести во два-три часа. Во филмот е планирано да се сместат само најинтересните сегменти на неговиот лик и дело, а во серијата ќе биде прикажано неговото растење, патот по кој тој одел. Занимавањето со рокенролот во групата „Викторија“, настапите на сплавовите во деведесеттите и слично“, раскажал неименуван извор за српските медиуми.

Во филмот ќе биде прикажана и борбата на Лукас со пороците, со коцката, дрогата, жените. Во кратки црти – филмот и серијата за Лукас ќе бидат токму она што фолкерот е и во приватниот живот. Освен добро сценарио, многу е важно кој ќе го игра Лукас затоа што тоа ќе биде голем предизвик, вели изворот. Засега се споменува само името на Владимир Ковачевиќ, кој одлично ги имитира сите негови движења и мимики.

 

 

 

Scroll to Top