Ќе се жени Мустафа Сандал, венчавката во Рим, свадбата во Мармарис

Мустафа Сандал, поранешниот сопруг на пејачката Емина Јаховиќ ќе се жени со неговата свршеница Мелис Сутсуруп. Парот ќе прави две свадби, едната на 3 јуни во турската амбасада во Рим каде ќе се венчаат, а прославата ќе трае два дена во луксузен хотел во одоморалиштето Мармарис.

Поканата за венчавката до пријателите и роднините на Мустафа и Мелис пристигнала  во видео формат на кој то на неговата идна сопруга и ја пее песната „Just happen“

„Оваа двојка на 10 јуни ќе приреди „грчка вечер“ во ресторанот на хотелот, утредента ќе направат свадба во градината,  а потоа со гостите ќе одат на плажа, каде што ќе се забавуваат. Свадбата ќе заврши со прекрасен ручек следното утро, пишувало поканата, пренесуваат турските медиуми.

Мустафа и Мелис се во врска три години, а се верија во февруари годинава. Од бракот со Емина Јаховиќ, од која се разведе во 2018 година, има два сина Јаман и Јавуз. 

Scroll to Top