Српскиот пејач Драган Којиќ – Кеба застанал во одбрана на неговата снаа Северина и рекол дека сликите се одлични, пренесува порталот „Ало“ повикувајќи се на извор близок на пејачот. Кеба наводно се слушнал со Северина и ѝ кажал дека ја има поддршката од целото семејство.
„Кеба е многу близок со Северина. Знаеше дека страда по новата порноафера во која се најде, па веднаш ѝ се јави. Северина му рекла дека најмногу ја мачи како нејзиниот син ќе реагира на провокациите од околината кога во септември ќе тргне на училиште. Тој ѝ кажал дека не ја осудува и дека сите од семејството се тука за неа“, пишува магазинот.
Новите еротски фотографии на хрватската пејачка беа објавени во јавноста пред неколку дена.