Кеба повреден на снимањето на ТЛЗП

Пејачот Драган Којиќ Кеба се повреди на снимањето на последната епизода од музичкото шоу ТЛЗП, па заврши во Ургентниот центар во Белград. Тој доживеа незгода додека го имитираше Џејмс Браун и го повреди десното рамо, пишува „Ало“. Кеба без за забележи застанал врз завесата, па кога работниците на сетот ја кренале завесата, таа го отфрлила пејачот неколку метри наназад.

„Не бев свесен што се случува, но морав да станам. Никогаш не сум реагирал побрзо. Што се однесува до тоа како сум, можам да кажам и вака и онака. Го повредив десното рамо и тоа е среќна околност, бидејќи пред неколку години го повредив левото. Да го повредев истото, можеше да биде и полошо“, рекол пејачот.

И покрај болката, тој не сакал да го откаже настапот, а на лекар отишол откако ја завршил имитацијата. Неколку минути пред да го имитира Браун, Кеба заедно со Кнез на сцената пеел песна од Есма Реџепова.

„Во тој момент почувствував силна болка, но стегнав заби и издржав. Ми пријде главниот човек, но му реков дека сакам да ја завршам улогата додека болката е уште ‘топла’. Штом завршив со имитацијата реков дека морам во Брза помош“, раскажал Кеба.

Во ургентниот центар пејачот отишол со целата сценска шминка која не стигнал да ја извади.

„Луѓето ме гледаа како да сум луд. Минатиот пат дојдов како Северина, оти се повредив и на снимањето на првата емисија“, рекол Кеба и додал дека се надева дека сега ќе му даваат помирни улоги.

Scroll to Top