Ќерката на Горан Бреговиќ реши сама да заработува и да живее како сите други 

Лулу Бреговиќ, 19-годишната ќерка на Горан Бреговиќ и Џенана Суџука решила сама да почне да заработува.

Таа ги извести своите следбеници на Инстаграм дека почнува да се занимава со маникир. Инаку живее во Париз каде цените за нејзината дејност се движат од 20 до 45 евра.

Многумина ја фалат за нејзиниот интересен моден вкус и шминка.

Горан и Џенана имаат уште две ќерки – Уна и Ема. Уна ја одигра првата улога во филмот „Круната“ на Василиј Никитовиќ, а Ема е визуелен уметник. Претходно во интервју музичарот изјави дека неговите деца имаат целосна слобода на избор и дека не сака да ги ограничува во ништо.

„Кога моите деца беа мали, за време на Бајрам беа муслиманки затоа што тогаш добиваа подароци, а за време на Божиќ и Велигден беа христијанки затоа што и тогаш добиваа подароци. Сега веќе не знам што слават. Мислам дека само средината Уна, која сега е во пубертет е – будист. Се разбира, тоа не ми пречи. Моите деца ќе бидат Французи, иако сакаат да доаѓаат во нашиот регион и да имаат пријатели овде. За мене и и мојата сопруга е доцна, и двајцата секогаш ќе бидеме од нашите“, изјави тогаш тој.

Scroll to Top