По трагичната вест дека починал Богољуб Митиќ, набрзо одекна приказната дека покојниот актер, може да му биде запленета семејната куќа поради долговите кои ги имал кај колегите.
Неговото семејство наводно нема пари да ги исплати долговите кои актерот ги направил кај своите колеги, поради што тие, според тогашните приказни, поднесоа тужба.

По тој повод, репортерите контактираа со неговата ќерка, во намерата да проверат дали овие информации се вистините.
„Тоа се глупости. Никој тоа не би го направил, особено не во ваква ситуација“, изјави неговата ќерка Наталија.

Инаку, како што изјави неговата мајка Зорка, меѓу актерите кои поднесоа тужба против нејзиниот син е и Маријана Мичиќ, а кога и нејзе репортерите ја побараа за коментар, таа не беше желна да зборува за тоа.
„Навистина немам коментар на тие приказни“, беше се што рече актерката.
