Ќерката на Нино Решиќ, Сандра, доживеа страшна сообраќајка

Ќерката на Нино Решиќ, Сандра, во текот на ноќта доживеала сообраќајка. Сандра се обидела да избегне судар со друг автомобил, но нејзиното возило завршило во банкина.

Јавноста е шокирана од веста дека непознат маж со голема брзина се залетал во неа, а таа за да го избегне ударот свесно го свртела воланот и удрила во банкина, по што итно била пренесена во болница, каде што ѝ била укажана помош.

За среќа, успеала да извлече жива глава. Нејзиното рамо е малку изместено, а докторите ѝ наредиле да мирува во наредните неколку дена.

 

Scroll to Top