Ќерката на Шабан Шаулиќ го изгуби бебето

Пејачката Илда Шаулиќ, ќерка на легендарниот Шабан Шаулиќ, имаше спонтан абортус. Таа и нејзиниот сопруг, Бојан Вучковиќ, пред неколку дена открија дека чекаат второ бебе, но и дека Илда е позитивна на корона. Вчера  пејачката откри за српските медиуми дека го изгубила бебето.

„Сè уште ги чувствувам последиците од интервенцијата. Но добра сум кога ќе се земе предвид сè низ што минав. Тешко е, ама ќе помине. Многу е поважно дека успеав да го сочувам внатершниот мир, се помирив со ситуацијата, а во тоа неизмерно ми помогнаа и семејството и пријателите, кои се тука за мене во добро и зло“, рекла Илда за српските медиуми.

Таа ја има ќерката Ема, која сега има три години.

 

Scroll to Top