Кевин Костнер сакаше да ме носи на вечера, но, го откачив зашто бев заљубена во еден идиот од Загреб, откри Нина Бадриќ за поканата за состанок со глумецот

Пејачката Нина Бадриќ рече дека нејзината најголема грешка која ја направила во животот е кога го откачила Кевин Костнер да одат заедно на вечера во Монте Карло. Таа вели дека го одбила славниот глумец само затоа што била заљубена во некој идиот од Загреб.

„Тоа е една од најголемите грешки во мојот живот. Имав 25 години, бев млада и тогаш многу настапував надвор, бев во Монте Карло на некаква гала вечер. И тој ме викна надвор, а јас бев сигурна дека е некоја шега. Тоа е кога си млад и немаш самодоверба. Ме виде во клубот и го испрати неговиот асистент и 500 пати ми рече дека Кевин Костнер сака да вечера со мене. На крајот ми пријде една новинарка од Белград и ме праша што е со мене. Но, тогаш бев заљубена во некој идиот од Загреб и сега, да можам да го вратам времето, секако дека би излегла на вечера со него“, раскажала Нина за „Fakap“ и покажала нивна заедничка фотографија која ја чува во мобилниот телефон.

Пејачката се потсети и на моментот кога задоцнила на прием кај поранешниот претседател Иво Јосиповиќ и признала дека тоа ѝ било едно од најнепријатните чувства во животот.

„Излегов од дома подготвена и средена и паднав на земја пред куќата. Паднав на колена па на нос и никој не ми поверува освен претседателот. Многу сум му благодарам на тоа. Му се извинував половина час“, рече Бадриќ.

Scroll to Top