Која од  „Дисциплина кичме“ доживеа мозочен удар и е во кома

Бас-гитаристот, пејач, композитор и лидер на рок-бендот, „Дисциплина кичме“, Душан Коиќ -Која (56), доживеа мозочен удар и се наоѓа во болница во вештачка кома. Како што јавуваат српските медиуми, Која заминал во Англија во посета на својата сестра кога доживеал мозочен удар и набргу потоа е хоспитализиран во една од тамошните болници.

Коиќ е активен на музичката сцена веќе четири децении, а во 1980 година беше член на групата „Шарло акробати“ заедно со Милан Младеновиќ од ЕКВ. Оваа група, иако кратко постоеше на југословенската рок-сцена, се прослави како основоположник на т.н. нов бран. По распадотот на бендот, Коиќ го основа бендот „Дисциплина кичме“ за кој напиша голем број хитови.

Scroll to Top