Колку наплаќа Петар Грашо за да испее една песна на свадба?

Хрватскиот пејач Петар Грашо не ретко пее на свадби. Тој изминатиот викенд ја отвори свадбата на српската пејачка Невена Божиновиќ и црногорскиот пилот Никола Ивановиќ.

За само една песна, Грашо им наплатил на младенците 15.000 евра.

Свадбената веселба подоцна продолжила со Јелена Томашевиќ и „Фрајле“.

Грашо никогаш во јавност не зборува за својата заработка и недвижностите, а неговите блиски пријатели знаат дека тој е и добар познавач на угостителството и дека одлично се снаоѓа во кујна.

Грашо наследил ресторан од неговиот татко, а од тој ресторан заработува милиони.

Пејачот во својот ресторан ги вложил сите свои познавања и вештини од кујната, а со тоа стана и лидер во кулинарството во Сплит.

Исто така,пријателите на Петар тврдат дека тој советувал на менито на ресторанот да има проверени рецепти, а тоа уште повеќе му помогнало во развивање на бизнисот.

Scroll to Top