Констракта го има најдобриот текст на Евросонг 2022

Српската пејачка Ана Ѓуриќ – Констракта ја освои наградата за најдобар текст на овогодишната Евровизија, а признанието ѝ го доделија обожавателите кои на официјалната страница на „Јуровижн Сонг Контест“ ја изгласаа за победник. Текстот за песната го напишала пејачката.

Во номинациите беа песните „Стефаниа“ на украинските претставници Калуш Оркестра, „Бривиди“ на италијанскиот претставник Махмуд и Бланко, „Саудаде, Саудаде“ на португалската претставничка Маро и „Ин корпоре сано“ на српската претставничка Констракта.

„По излагањето за хидратацијата и темните кругови околу очите, имаме реплика на тема слезина, дел од телото кој никогаш во историјата не бил споменат на Евросонг. И остатокот од текстот е бизарен, но не и некохерентен. Стиховите всушност водат кон аргументацијата која се однесува на невозможните стандарди на убавина и здравствените барања поставени за јавните личности“, е дел од коментарот на „Еуростори“ за песната на Констракта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

Scroll to Top