Концерт на Петар Грашо на Античкиот театар во Охрид

Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо, по речиси една година, повторно се враќа во Македонија и ќе одржи концерт на Античкиот театар во Охрид. Концертот е закажан за 1 август, а влезниците се веќе пуштени во продажба.

Организатори се „Прагмапродукција“ кои велат дека ќе бидат испочитувани сите коронамерки.

За потсетување, Грашо минатата година одржа концерт на античкиот театар Хераклеја во Битола, на кој не се почитуваа мерките против Ковид. Голем број од присутните тогаш не носеа маски и не се држеше растојание, па концертот на Грашо наиде на бројни критики во јавноста.

Scroll to Top