„Криво ми е што не завршив средно“ – Александра Пријовиќ жали за одлуките во минатото

Фолк-пејачката Александра Пријовиќ, која се прослави со „Ѕвездите на Гранд“, во поуто учествуваше во време кога беше четврта година средно. Но, вели, иако професорите ѝ дале можност да ја зарши годината вонредно, таа никогаш не матурирала, туку ѝ се посветила на кариерата.

„Основно училиште завршив во Бели Манастир и бев одличен ученик. Потоа се запишав во Второто средно училиште и редовно завршив три години, но не ја завршив четврта. Животот ме однесе на другата страна. Кога се случува нешто за што секогаш сонувавте, како мене што ми е пеењето, тогаш игнорирате сè друго. Професорите ми дозволија да ја завршам четврта година вонредно, ама никогаш не го направив тоа“, рекла Пријовиќ.

Таа раскажала дека патувала многу заради натпреварот во Белград и ги оставила настрана сите останаи работи.

„Се срамам што не завршив четврта година. Жалам за тоа и дефинитивно сакам да го завршам училиштето еден ден. Но, не сум единствена има многу пејачи, не само во нашата земја, туку и во светот, кои не завршиле училиште. Образованието е важно, но ако не го завршиш училиштето, тоа не значи дека нема да успееш во животот,“ додала пејачката.

Scroll to Top