Српскиот глумец Милан Лане Гутовиќ два пати е женет и два пати се разведувал, но во јавноста никогаш не открил која е жената со која бил прво во брак.
„Приватниот живот е само мој. Тие што треба, моите блиски, го знаат името на мојата прва жена. Доволно е да знаете дека и денес сме пријатели, не се мразиме“, изјавил тој пред многу години.
Глумецот првпат се развел пред 30 години. Со првата жена ја има ќерката Милица, која е глумица и балерина. По разводот се оженил со Билјана Кнежевиќ и ги добиле синовите Јаков и Спасоја. Во брак биле десет години.
Лане Гутовиќ никогаш во јавноста не се сликал со своите сопруги, ниту со жените со кои бил во врска. Српските медиуми го опишуваат како „најтаинствениот глумец“.
Популарниот глумец одиграл многу улоги и освоил многу награди, но најпознат е по улогата на Среќко Шојиќ од филмот „Тесна кожа“, која потоа ја играше и во серијата „Белиот брод“.