Легендарниот фудбалер Дејан Станковиќ ќе глуми во хумористична серија

Поранешниот легендарен српски фудбалер, а денес и тренер на „Црвена Ѕвезда“, Дејан Станковиќ, ќе се проба и како глумец. Тој ќе глуми во новата хумористична серија „Дрим-тим“ на сценаристот Милош Радовиќ, а кој ќе биде во режија на Дејан Жечевиќ.

Станковиќ призна дека првпат се појавил пред камера во ваков проект.

„Кога ќе ве побара легенда како што е Лазар Ристовски, тогаш не смеете да одбиете. Ова за мене претставува големо задовоство. Знам што треба да играм“, изјавил Станковиќ за српските медиуми.

Приказната „Дрим-тим“ е инспирирана од вистински настан, а го следи ликот на фудбалскиот фанатик и татко на единаесет синови.

„Мислам дека е убаво да се прераскаже една ваква приказна. Имав можност да се запознаам со еден од браќата Олавериќ и мислам дека ми судеше на еден натпревар кога бев кадет. Во животот, како и на илм, се случуваат чуда, па во спортот не е невозможно некој мал клуб да направи голем успех“, открива Станковиќ.

 

Scroll to Top