Легија: Државниот удар е приказна за мали деца

Некогашниот командант на единицата за специјални операции, Милорад Улмек – Легија, излезе денеска пред Специјалниот суд во Белград, каде што продолжи судењето за вооружениот бунт на единицата, кој беше извршен во 2001 година. Ова е прво појавување на Легија на судењето откако почина мајка му Наталија, а тој не доби дозвола да присуствува на погребот.

На судењето Легија цело цреме седеше со наведната глава.

„Тоа е парадокс. Тие што ја бранеа оваа држава се главни обвинети, а сите што го кршеа законот се меѓу сведоците. Тоа дека се обидовме да извршиме државен удар е приказна за мали деца“, изјави Милорад Улемек – Легија.

 

Scroll to Top