Лепа Брена, легендарната балканска пејачка, доби 30.000 евра отштета поради повреда што ја здоби на концерт. Позната по тоа што се грижи за своето здравје, Брена редовно плаќа осигурување за да биде заштитена од непредвидени настани, а оваа осигурителна полиса се покажа како спасоносна кога на нејзиниот концерт на 10 декември минатата година се случи несреќа.
При настапот во Загреб, Брена падна при качувањето на бината, што резултираше со скршеница на ногата. Брзо беше оперирана, а благодарение на осигурувањето, сите медицински трошоци беа покриени, вклучувајќи операцијата и рехабилитацијата.
„Брена се грижи за своето здравје и осигурувањето е нешто што го има веќе со години. Таа плаќа годишна премија од околу 1.000 евра, а неодамна ја наплати полисата со 30.000 евра заради несреќата што ја здоби на концерт“, изјави извор за српски „Курир“.
Брена не е непозната по тоа што често на концертите доживува повреди, но оваа осигурителна полиса јасно покажува колку важна е подготовката за неочекуваните ситуации.