Лепа Брена ги извади силиконите

Српската пејачка Лепа Брена ги отстранила силиконите на усните открива нејзин близок пријател. Тој вели дека пејачката била под силни болки за време на интервенцијата.

Пејачката морала да посети специјалист поради дотраените силикони, кои сега ги заменила со разградлив хијалурон, пишуваат српските медиуми.

Нејзиниот пријател вели дека за време на интервенцијата која се изведува со локална анестезија, од лекарот барала трипати поголема доза, за која вели дека не ѝ помогнала премногу.

„Нејзината горна усна изгледаше лошо. Дел од силиконот се насобрал на едно место и се забележуваа грутки. Тоа се случува кога ќе мине период од пет години. Потоа е неопходна интервенција. Мислам дека во случајот со Брена, хирургот претходно не си ја завршил добро работата. Брена уште пред два месеци барала лекар за да се ослободи од силиконите. И било кажано дека не постои безболен начин за ваквата интервенција и дека ако сака да изгледа поубаво ќе мора да истрпи“, открива изворот.

По неколку недели, пејачката ја закажала интервенцијата.

„Пред почетокот на вадењето на силиконите, Брена го замолила докторот на две инекции анестезик. Ги добила, а кога почнала интервенцијата, пејачката почнала да вика од болки. Го молела лекарот да престане со интервенцијата. Тогаш и дал уште една инекција. Кога завршила постапката, Брена му кажала на хирургот дека никогаш повеќе нема да прави вакви операции. По две недели Брена повторно се вратила кај хирургот за да и вгради хијалур во усните. Тоа е многу подобро решение, затоа што по шест месеци таа материја во целост се апсорбира во телото и може повторно да се вбризга. Во секој случај на Брена и се исполни желбата повеќе да не прави операции“, изјавил пријателот на пејачката.

 

Scroll to Top