Лепа Брена и Саша Поповиќ го продадоа „Гранд“

Фолк-ѕвездата Лепа Брена и музичарот Саша Поповиќ ги продале своите 49% од „Гранд продукција“ на компанијата „Јунајтед медиа“, пишуваат српските медиуми. Според нив, Брена и Поповиќ од продажбата заработиле 15 милиони евра. Истата компанија пет години купи 51 процент од нивните акции во „Гранд“.

Според медиумите, купопродажбата ќе заврши до крајот на оваа година. Поповиќ во „Гранд“ имал 24%, па ќе добие 7.350.000 евра, а Брена била сопственик на 25 отсто во „Гранд“ и ќе добие 7.650.000 евра од продажбата. Инаку, тие добиле 15 милиони евра и во 2014 година, кога го продале поголемиот дел од продукцијата.

Саша и во иднина ќе продолжи да работи со „Гранд“, но само на оние емисии каде што е автор и продуцент. Тој, сега ќе работи за плата, но не се открива колкава ќе биде сумата што ќе му ја даваат новите сопственици.

Scroll to Top